Штип нема пари за два кабли и микрофон, но има за да му искешира 18 илјади евра на ЈП „Стипион 2011“, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Shtip

На денешната седма по ред седница на Советот на Општина Штип, советничката на Левица, Сенада Ибраимова, пред почетокот на седницата повторно реагираше поради техничките недостатоци при пренос на седниците во живо преку фејсбук страната на Општина Штип.

— реклама —

Таа побара претседателката на совет да реагира до соодветната техничка служба овој проблем да го решат во најбрз можен рок, така што граѓаните на Општина Штип нема да бидат лишени од транспарентно следење на седниците на советот.

— реклама —

„Покрај ова, советничката реагираше и поради цензурата која почна да се врши на предминатата седница, кога најбитните нејзини обраќања, меѓу кои и скандалозното планирано назначување на директор на културната установа „Дом на млади“ - беа цензурирани и необјавени на страната на општина Штип, односно токму тие обраќања беа исечени од преносот.

— реклама —

Одговорот од техничкото лице кое го прави преносот во живо, беше во насока дека тоа е технички проблем кој трае веќе 7 години.

Ова е небулозен одговор, бидејќи се работи за два-три кабли, кои треба да се набават и соодветно да се приклучат.

Меѓутоа, уште понебулозно е кога ќе видиме дека, ЈП „Стипион 2011“ за кварталниот период октомври-декември 2021 година, потрошиле 18 илјади евра за одржување на улици и патишта во зимски услови (иако првиот снег падна во јануари 2022 година!?), за што исто така реагираше советничката, нагласувајќи дека за потрошените средства нема доставено никаков детален извештај ниту до Комисијата за урбанизам, ниту до советниците.

Значи Општина Штип, нема пари за два кабли и микрофон, но има за да му искешира 18 илјади евра на јавното претпријатие, дури во услови на сува зима, а патем за тоа не приложува никаква детална документација.

Ова е сликата на нетранспарентното работење на општина Штип - граѓаните нема ни да знаат колку пари се потрошени за неизвршена работа, поради лошиот звук на преносите на седниците на Совет.

Затоа Левица - Штип, со сите свои можности и ресурси, ќе продолжи да реагира во јавноста за сите неправилности при донесувањето на одлуки во советот, како од говорницата, така и преку средствата за информирање на јавноста“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања