Светскиот диџеј Стив Аоки се пофали дека ќе носи патики што за него ги дизајнира Сатја Грабулоски. Тој објави видео и ги покажа патиките на неговите следбеници.
„Ова се патики ‘метазу аоки’ од моите пријатели. Пораката што ми ја испратија вели дека се рачно нацртани и дека за да ги направат патиките, потрошиле 107 часа. Фантастични се“, рече Аоки во видеото што го објави на инстаграм-стори.