Промени тема
Контакт

Што да очекувате од времето за дочекот на Нова година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarybmsqfukqd1vd2s0JrNo
Фото: AI - Skopje1

Според најновите ажурирања на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од 2026 година, 1 јануари (четврток), ќе поминат во знак на вистински зимски услови. Македонија ќе се најде под влијание на изразен студен бран од север, кој ќе донесе многу ладно време и засилен ветер од северен правец.

Паралелно со студот, се очекуваат и врнежи, претежно од снег. Пообилни снежни врнежи се прогнозираат во западните предели на државата, додека на повисоките места и на планините ќе се формира значителна снежна покривка. Сепак, снег се очекува и во повеќето градови, особено во западниот дел од Македонија, каде е можно создавање помала, но забележлива снежна покривка.

— реклама —

Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ и на 1 јануари, се прогнозираат послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.

— реклама —

Од Метеоаларм посочуваат дека прогнозата ќе се доработува со нови ажурирања на моделите, па можно е да има одредени промени во наредните денови. Поради тоа, на граѓаните им се препорачува редовно да ги следат најновите метео анализи за да избегнат забуни околу временските услови за новогодишната ноќ и почетокот на 2026 година.

Во меѓувреме, претстојниот викенд Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Овој студен бран ќе биде претежно сув, но ќе донесе изразен студ и многу ветровито време. Особено во недела, 28 декември, повремено ќе дува силен северен ветер, кој во Повардарието и југоисточните делови ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

— реклама —

Времето за време на викендот ќе биде претежно ведро и сончево, со мала локална облачност. Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.

Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата, во интервал од -10 до -1 степен. На повисоките места и на планините постојат услови температурите да се спуштат и под -10 степени.

Во Скопје и околината, за време на викендот, утринските температури ќе се движат од -4 до -2 степени, а дневните од 6 до 8 степени. И во главниот град ќе има повремено засилен северен ветер, кој во делови од котлината може да достигне брзина од 60 до 70 километри на час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања