„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Што да очекувате викендов: Очекуваме снежна покривка од 50 сантиметри, па до еден метар

објавено пред 1 година -

Македонија
275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Под влијание на циклонска активност и на голем снежен и ладен бран кој ќе се формира над нашата територија, секако со продорот на многу поладен воздух од север, проследен со повремено засилен ветер од северен правец, од овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе имаме обилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.

Снежна покривка ќе се формира насекаде во Македонија, на повеќе места таа ќе биде позначителна и со висина од над 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри (во градовите), додека на планините како и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри па до околу еден метар.

— реклама —

Со овој многу ладен и голем снежен бран, снег и снежна покривка ќе се формира и во Скопје и околината, и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, можно е локално и повеќе, додека на околните планини таа ќе биде значително поголема.

— реклама —

Што се ондесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и преку ден тие на повеќе места ќе се задржат до околу нулата, а во делови од Македонија и под нулата, само во крајните југоисточни предели тие ќе бидат само за неколку степени над нулата. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.

— реклама —

Поради очекуваниот повремено засилен ветер од северен правец, се очекува и појава на снежни наноси, особено на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања