Промени тема
Контакт

Што има во концептот на Деспотовски за СДСМ и поддржувачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
265382355_1544370735931208_1957053148130920883_n-1

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски на јавен настап и преку социјалните медиуми ги презентираше основите на неговата програма „Концепт 28“ и го повика членството да го поддржат на изборите во недела. Основна цел на неговата програма, како што презентираше Деспотовски е да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани во земјава.

„Концепт 28 поаѓа од луѓето и нивните проблеми, и се потпира на луѓето. Поаѓа од многу конкретни мерки за тоа како да ги надминеме проблемите и како Македонија да ја направиме навистина пристојно место за живеење. Доста зборуваме за политичарите и политиките, време е да зборуваме за луѓето. Со оваа програма креираме политики и мерки за подобар живот и ниту еден човек нема да биде изоставен, истакна Деспотовски.

Според Деспотовски она што ја разликува оваа програма од другите е што фокусот е на тоа прво да се утврди какви луѓе се потребни на клучни позиции, а потоа да се зборува за “кој“

„Се фокусираме на тоа како наместо кој. Се фокусираме на тоа каков профил на човек за претседател на Влада ни треба. Не јас, не кадровско решение, туку каков. Да не ги прилагодуваме политиките на луѓето, туку луѓето и мерките да ги бираме според политиките кои треба да се спроведат“, истакна Деспотовски.

— реклама —

Еден од главните принципи на програмата на Деспотовски е директен избор на клучните луѓе во партијата од страна на членовите.

„Воведуваме систем во кој кандидатите за градоначалник и пратеник ќе се бираат од членовите, а не од раководството. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Ја зајакнуваме отвореноста на СДСМ. Мора да ги научиме лекциите од минатото кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема повеќе простор за импровизации, нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите,“ рече Деспотовски.

— реклама —

Деспотовски најавува и воведување на систем на мерливост на резултатите од политиките.

„Во Концепт 28 поставуваме прецизни и мерливи резултати по кои ќе се мери учинокот на Претседателот на СДСМ, а истиот пристап ќе се воведе и за сите носители на јавни функции. Успехот во политиката, и на највисоките позиции, ќе се мери преку % на пораст на платите во однос на инфлацијата, преку % на пораст на вложувањата во здравството и образованието, преку % на природен прираст на населението. Само со мерливи резултати ќе можеме да кажеме што вистински сме постигнале,“ истакна Деспотовски.

— реклама —

Со неговата програма меѓу другото тој предлага и конкретни мерки за унапредување на демократските процеси во партијата, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност и можности за едукација на кадри, особено на младите, како и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења.

Целата програма „Концепт28“ е достапна на следниот линк - https://bityl.co/A0Yg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања