Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Што ќе биде со цените на струјата од декември натаму?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување.

— реклама —

– Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе ни се најдат за да изградиме мудри политики во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Веќе објавивме постапка за набавка на јаглен од странство за производство на електрична енергија што ќе се произведува по три до четири пати помала цена од берзанската која ја има во моментов. Сето тоа ќе значи стабилност, прво за домаќинствата, а потоа и за јавните институции и за приватниот сектор, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.

— реклама —

Тој нагласи дека на тој начин нашата држава постапува исто како државите во регионот и пошироко и додаде дека сме подготвени правовремено да реагираме тогаш кога ќе треба и таму каде што ќе треба.

— реклама —

– Нашите експерти веќе размислуваат што ќе се прави по Нова година и никој не знае што ќе се случува тогаш. Голем дел од работите зависат од цената на природниот гас и овие денови треба да се соопштат деталите од стратегијата на „Газпром“, кој задоволува повеќе од една третина од европските потреби на природен гас. Ние сме дел од глобалниот пазар и ќе ги следиме внимателно и будно сите случувања на меѓународните берзи на енергенси и со сите свои расположиви капацитети ќе гледаме нашите граѓани и нашата економија да ја донесеме во предност пред другите економии. Не би избрзувал да кажам што би направиле, но можам да потврдам дека сме тука за да им се најдеме и на граѓаните и на државата, рече Заев и посочи дека граѓаните нема да бидат оставени да се вклучат на слободниот пазар на електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања