Поминаа 9 дена откако ги контактиравме градоначалниците на Град Скопје и скопските општини и од нив побаравме да споделат информација на кој начин, во рамките на нивната надлежност, планираат да ја зголемат безбедноста на улиците за сите учесници во сообраќајот, а примарно за пешаците и велосипедистите, велат од граѓанската иницијатива „На точак“.
„За жал, до денешен ден нема ниту еден повратен одговор од ниту еден од нив. Дали ова значи дека безбедноста на граѓаните не е високо на нивните приоритети, или можеби немаат никакви планови за донесување мерки за подобрување на состојбата на улиците или причината е нешто трето?
Минатиот понеделник, преку допис ги потсетивме носителите на локалната власт дека токму тие имаат НАЈГОЛЕМА одговорност во создавање на безбедни улици, испративме предлози со кои конкретни мерки може да се постигне тоа, по пример на други земји и побаравме да се вклучиме со конструктивно мислење. Истовремено, потенциравме дека мерките доцнат со години и итноста на нивното донесување не треба да се дискутира или одложува. Животите на луѓето треба да се приоритет!
Секој изминат ден на поддржување на статус кво состојбата има потенцијал за нова жртва во сообраќајот. За жал, вчера токму тоа се случи во општина Аеродром, на ул. Симеон Кавракиров, каде дете беше удрено од возач во автомобил. Оваа улица е одличен пример за лошо инфраструктурно решение каде не постои одвоен простор за возење на велосипедисти, тротоарот речиси секогаш е блокиран од паркирани автомобили и пешаците се принудени да се движат на коловозот. На истата улица се наоѓа и основно училиште и не би требало да се дозволува моторен сообраќај над 30км/час. Оваа лошо испланирана улица денес запиша нова жртва на сообраќаен судир и тоа дете.
Уште еднаш, јавно, го упатуваме нашето барање до градоначалниците да споделат информација што конкретно ќе преземат веднаш, но и на долг рок за да имаме безбедни улици?Поминаа 9 дена откако ги контактиравме градоначалниците на Град Скопје и скопските општини и од нив побаравме да споделат информација на кој начин, во рамките на нивната надлежност, планираат да ја зголемат безбедноста на улиците за сите учесници во сообраќајот, а примарно за пешаците и велосипедистите. За жал, до денешен ден нема ниту еден повратен одговор од ниту еден од нив. Дали ова значи дека безбедноста на граѓаните не е високо на нивните приоритети, или можеби немаат никакви планови за донесување мерки за подобрување на состојбата на улиците или причината е нешто трето?
Минатиот понеделник, преку допис ги потсетивме носителите на локалната власт дека токму тие имаат НАЈГОЛЕМА одговорност во создавање на безбедни улици, испративме предлози со кои конкретни мерки може да се постигне тоа, по пример на други земји и побаравме да се вклучиме со конструктивно мислење. Истовремено, потенциравме дека мерките доцнат со години и итноста на нивното донесување не треба да се дискутира или одложува. Животите на луѓето треба да се приоритет!
Секој изминат ден на поддржување на статус кво состојбата има потенцијал за нова жртва во сообраќајот. За жал, вчера токму тоа се случи во општина Аеродром, на ул. Симеон Кавракиров, каде дете беше удрено од возач во автомобил. Оваа улица е одличен пример за лошо инфраструктурно решение каде не постои одвоен простор за возење на велосипедисти, тротоарот речиси секогаш е блокиран од паркирани автомобили и пешаците се принудени да се движат на коловозот. На истата улица се наоѓа и основно училиште и не би требало да се дозволува моторен сообраќај над 30км/час. Оваа лошо испланирана улица денес запиша нова жртва на сообраќаен судир и тоа дете.
Уште еднаш, јавно, го упатуваме нашето барање до градоначалниците да споделат информација што конкретно ќе преземат веднаш, но и на долг рок за да имаме безбедни улици“, се вели во објавата.