„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Што пишуваат медиумите за бегството на Груевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gruevski-mala

Капитал пишува за тоа дека странските компании во Македонија не користат суровини од домашните фирми. Глобус анализира за бегството на Груевски, а Фокус за способноста на власта да инсталира режим како оној на Груевски.

— реклама —

Капитал - Странските компании набавуваат малку суровини од македонските фирми

Една од темите на насловната страница на новото издание на Капитал е посветено на истражувањето на економскиот институт Фајнанс тинк кое покажува дека странските компании во земјава кои отворија фабрики во Македонија набавуваат малку суровини од македонските фирми. Во анализата се открива дека само 10 проценти од обврските на странските компании се остваруваат со домашните фирми, а таа соработка најмногу се сведува на набавка на одредени услуги и дека тие речиси и не набавуваат суровини за нивните производи од домашниот пазар. Како главни пречки за поголема соработка се идентификувани недоволниот технолошки развој и подготвеност на домашните компании, имплементацијата на стандарди и сертификати и недоволниот производствен капацитет, пишува покрај другото Капитал.

— реклама —

Глобус - Тромавите институции го овозможија бегството на Груевски

Покрај економските теми, неделниците продолжуваат да ја анализираат состојбата на македонските институции чија тромавост и неснаоѓање го овозможија бегството на Никола Груевски во Унгарија. Во една од колумните на он-лајн магазинот Глобус авторот наведува дека бегството на Груевски е медиум преку кој елитата и народот бараат промени со кои ќе се гарантира статус квото. Општеството е уништено до таа мерка, продолжува Глобус, што не е во состојба да пружа позначајни отпори на евентуалните промени, затоа и беше дозволено да биде уништено, но е обезличено и деморализирано до мерка која го прави неупотребливо како енергија на неопходните промени. Колумнистот смета дека власта на Заев е слаба и во кадровска и во идејна смисла и во смисла на политичките релации во Собранието, и нејзините практики се многу проблематични, но во оценките што претендираат да бидат реални мора да се земе предвид контекстот на една инцестуозна и деформирана средина, темелно изобличена во текот на режимот на ВМРО, но тоа, се разбира не смее да биде алиби за ничија неспособност, вели авторот. Точно е дека аждајата на груевизмот е жива, но општеството одбива да конституира власт која ќе му го зарие копјето на тој аждер во главата. Не ја препознава потребата, не го сака ризикот, нема кој тоа да му го објасни затоа што медиумите се центри за заглупувување. И во таа смисла, резултатите на Заев и неговата екипа се импресивни, вели авторот на колумната и му препорачува на премиерот да ја спушти чувствителноста кон критиките на јавноста, да го истера мандатот до крај, да направи одредени кадровски промени, во сите потези на внатрешен план да биде уште похрабар. Вториот фикс, според колумнистот во Глобус, е да стори сè да го врати, како што вели, „малото шаткасто чудовиште“ оти тоа е можеби последната голема шанса за реконсолидација на Македонија и на македонското општество.

Фокус - СДСМ не е способен да инсталира авторитарен режим како оној на Груевски

Исто така во колумна, уводничарот во Фокус објаснува, за нештата да бидат појасни, дека по година ипол владеење е сигурен дека СДСМ не е способен да инсталира авторитарен режим како оној на Груевски. „За ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, кој сè уште го величи, наместо да го осудува груевизмот“, пишува колумнистот, „не би можел да гарантирам“, вели. Сепак, наведува колумнистот во Фокус, Заев ќе биде одговорен ако некогаш „злото се повтори“.

Извор: Радио слободна Европа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања