Што прави Амиџиќ кога гостите ќе откажат пред шоуто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
amig-show-14-830x0-1

Водителот Огњен Амиџиќ не крие дека за време на пандемијата често имало ситуации кога некој од јавните личности во последен момент му кажале дека имаат температура и дека не можат да дојдат во емисијата.

— реклама —

- За жал, ги имавме и овие ситуации. Посебно сега кога со коронавирусот, се случи неколку часа пред снимањето да ми кажат дека тој ден имале температура. Во овие ситуации мора некако да се справиме. Се обидуваме да викнеме некој друг или малку да ја промениме емисијата - рече водителот.

— реклама —

- Втората опција е да се искористат „учесниците на Задругата“ во тој момент, но тоа со себе носи и проблем. Кога ќе ги извадиме од реалити шоуто, не смееме да ги мешаме со други, токму поради короната, затоа што не смеат да бидат заразени, изјави за „Република“ Огњен.

— реклама —

Тој додава дека понекогаш е уморен и нема волја да работи.

- Секако дека има денови кога немам волја. Различни фактори можат да влијаат на ова. Има денови кога си премногу уморен или некои други работи кои едноставно те убиваат, но во тие моменти наоѓам нешто што ме крева за да си олеснам себеси. Работата е работа и мора да се работи - истакнува менаџерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања