Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Што предвидува буџетот за 2022 година на Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска пред новинарите и претставниците на бизнис секторот го презентираше развојниот буџет за 2022 година на општината.

Развојниот буџет за 2022 година на Општина Аеродром за капитални инвестиции изнесува 728 милиони денари, а во него се предвидени голем број проекти кои беа ветени во програмата.

Според буџетот, тој е сегментиран во повеќе насоки како: образование, спорт и млади, урбанизам, граѓански сектор, инфраструктура, екологија и животна средина. Во овој буџет детално се објаснети активностите на Општина Аеродром за 2022 година и проектите кои треба да се изработат.

— реклама —

„Чест ми што денеска имав можност да го презентирам јавно буџетот на Општина Аеродром пред јавноста, медиумите и бизнис секторот. Овој буџет предвидува развој на општината во секој сегмент и решавање на голем број проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ќе изградиме нови градинки, нови паркови, ќе донесеме нови ДУП-ови, проекти за младите кои ги ветивме во предизборната кампања, ќе продолжиме со засилено темпо да ги остваруваме сите тековни активности. Не се работи само за номиналната сума на буџетот, туку и планот за негова реализација. Промените се случуваат, а со нашиот буџет ќе инвестираме во секој дел од нашата општина и ништо нема да биде изоставено“, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Со овој буџет на општината предвидено е инвестиција во повеќе сектори. Подетално во секторот за спорт и млади ќе се инвестира 5.000.000 денари за поддршка на спортските клубови и развој на спортот. Дел од овој сектор е и целосната реконструкција на пет детски игралишта, како и бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година. Во секторот за образование ќе се реновираат сите основни училишта, ќе има нови таблети за прво и четврто одделение, а ќе почне и изградба на три нови градинки во Стар Аеродром, Мичурин и Долно Лисиче. Исто така, Општина Аеродром ќе обезбеди и смарт табли за учениците. Во секторот за урбанизам е планирано нов сквер зад ТЦ „Капитол“, нов ДУП за Горно и Долно Лисиче, почеток на изградба на нова општинска зграда, како и иновациски ХАБ за младите. Ќе се уреди и Усјанскиот

— реклама —

канал, кој е еден од најголемите проблеми за лисичани. Исто така, ќе се изгради и парк во Реонски центар „Аеродром“ на површина од над 5.000 квадратни метри.

— реклама —

Овој проект ќе биде целосно реализиран оваа година. Преку активна работа на системско решение, Аеродром ќе стане општина со нула корупција. Општина Аеродром ќе оствари многу културно-социјално општествени проекти, а ова лето ќе се одржи и фестивал. Општина Аеродром ќе стави фокус и на екологијата и животната средина.

Општина Аеродром заслужува да биде пример во Македонија во начинот на владеењето и реализацијата на општинските пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања