Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Што предвидува буџетот за 2022 година на Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
270819966_269105781877305_6576245142265226051_n

Советниците на општина Ѓорче Петров, го донесоа буџетот за 2022 година. Основниот буџет на општина Ѓорче Петров изнесува 586.346.647,00 денари, а вкупниот 907.185.634,00 денари.

„И покрај тековните обврски кои се рекордно високи со вредност над 230.000.000,00, а ги префрламе во 2022 година како буџетска, успеавме да изнајдеме простор да планираме нови средства кои ќе бидат во функција на сервисирање на секојдневните потреби на граѓаните.

Предвидени се:

Дополнителни средства за планирање доградба на детските градинки Калинка и Рипчиња.

Проекти за доградба на 3 основни училишта

Реконструкција на кровот на ООУ „Страшо Пинџур“

— реклама —

За решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кучково

За нови инфраструктурни зафати во делот на улици, канализациона и водоводна мрежа

За изградба на нови детски игралишта и за поставување нова урбана опрема

За подигнувње нови зелени површини

— реклама —

За реконстуркција на месните заедници

За дигитализација на општинската архива

За прв пат го регулираме ангажирањето на комуналните работници

— реклама —

За прв пат воведуваме субвенции за велосипеди од 150.000 денари

Даваме поголема поддршка за училишниот спорт, а ќе вложиме поголеми напори и за инклузија на лицата од сите ранливи категории.

Генерално, 2022 година треба да биде година во која пред се финансиски ќе ја стабилизираме општината, а истовремено да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните“, вели градоначалникот на Ѓорче Птров, Александар Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања