Промени тема
Контакт

Што променија мерките на Владата, Николова одговара за ефектите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG-0269

„Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобална економска криза“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Со неколку мерки од пакетот вреден 400 милиони евра, сериозно ги намалуваме трошоците на семејствата на месечно ниво.

Семејствата заштедуваат околу 1.500 денари преку мерката за намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти.

— реклама —

Преку субвенционирањето на сметки за електрична енергија сметките за струја на едно просечно семејство денес се пониски за 2.150 денари, а намалувањето на ДДВ за горивата обезбедува месечна заштеда од околу 300 денари.

Дополнително на ова, воведова тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.

— реклама —

И во време на криза платите растат минималната плата сега изнесува 18.000 денари што значи дека сега за да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка потребни се две минимални плати, додека пред само четири години за ова беа потребни 4,5 минимални плати.

Согласно Законот за минимална плата следи и соодветно зголемување на платите во сите сектори.

— реклама —

Во време на светска економска криза, продолжуваме со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.

Остануваме посветени на креирање и реализација на мерки што го штитат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош за домашната економија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 17 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања