Ана Петровска за тоа што прво ќе направи како градоначалничка:
„Ќе започнеме со три процеси.
Прво, решавање на цврстиот отпадот: за 3 месеци решавање на подигањето на комуналниот отпад; за 6 месеци селектирање и компостирање на отганскиот отпад, за да се намали обемот и испуштањето метан на депониите; за 9 месеци чистење на депониите, обезбедена техничка документација за Вардариште, формализирање на неформалните собирачи и нивно санкционирање за палењето гуми, кабли и мебел.
Второ, носење нов ГУП за да се воведе ред во урбанистичкото планирање и да добиеме хумани соседства со многу зеленило и одржлив транспорт.
Трето, отворање нови зелени работни места.“