Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Што се случува во мозокот кога сме во несвесна состојба?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-libraryv1n486efir4e7kImuCO
Photo by Robina Weermeijer on Unsplash

Мозокот продолжува да обработува јазик и звуци дури и кога телото е под анестезија и лицето е во несвесна состојба, покажува ново истражување објавено во списанието Nature, пренесува Euro News.

— реклама —

Научниците утврдиле дека одредени делови од мозокот остануваат активни и можат да препознаваат и обработуваат говор, и покрај тоа што пациентот е без свест. Според истражувачите, невронските мрежи продолжуваат да реагираат на надворешни стимули.

— реклама —

„Нашите наоди покажуваат дека мозокот е значително поактивен и поспособен за време на несвесна состојба отколку што се мислеше досега“, изјави коавторот на студијата Самиер Шет. Тој додаде дека мозокот и под целосна анестезија продолжува да го анализира околниот свет.

Истражувањето било спроведено врз седум пациенти кои биле подложени на операција за епилепсија. Со помош на специјални Neuropixels сонди, научниците следеле како мозокот реагира на звук и говор без присуство на свест.

— реклама —

Во експериментите било утврдено дека мозокот реагира на звуци во реално време, ги препознава зборовите и дури покажува способност за предвидување на следните зборови врз основа на контекстот.

Според научниците, овие резултати укажуваат дека процеси кои се сметаа за поврзани исклучиво со будна состојба можат да се одвиваат и кога човекот е во несвесна состојба, но потребни се дополнителни истражувања за целосно разбирање на оваа појава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryoakkfe2evk6fdABvNJP

Научници предупредуваат: Кратките видеа создаваат лажно чувство дека сме научиле нешто

Свет | пред 3 месеци

media-libraryv1n486efir4e7kImuCO

Слободна волја или илузија: Научниците открија како мозокот одлучува

Свет | пред 6 месеци

media-libraryam720069j4c5c6Gm0yQ

Седењето не е проблем – ако мозокот работи: Ново истражување со важна порака

Трендови | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања