Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Што се смени кај Ѓоковиќ: по години диета, се врати на месо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Спорт
novak-dzokovic-4

По години строга исхрана базирана претежно на растителни намирници, Новак Ѓоковиќ повторно консумира месо, потврдуваат повеќе извори блиски до тенисерот.

— реклама —

Информацијата првично ја сподели неговиот пријател Семир Османагиќ, кој изјави дека најдобриот светски тенисер веќе околу година и пол повторно има месо во своето мени. Подоцна се појавија и сведоштва од угостители, според кои Ѓоковиќ нарачувал пилешко, а за време на престој во Сараево јадел и ќебапи, вклучително и во познатата ќебапчилница „Жељо“.

— реклама —

Овој потег претставува значителна промена во однос на неговата долгорочна дисциплина. Ѓоковиќ со години беше препознатлив по исхрана без глутен, со минимален внес на шеќер и без црвено месо, што често се поврзуваше со неговата доминација во светскиот тенис од 2011 година.

Иако често беше нарекуван веган, самиот појаснуваше дека неговиот режим е базиран на растителна исхрана, но вклучува и риба и јајца како извор на протеини. Во минатото јавно истакна дека има и етички и здравствени причини за избегнување на месо.

— реклама —

Неговата дневна рутина вклучуваше вода со лимон, сок од целер и зелени смути напитоци, со доминација на овошје, зеленчук, житарици и јаткасти плодови. Познат е и по практикување на периодичен пост, при што не консумира храна и до 16 часа.

— реклама —

Сегашната промена во навиките отвора прашања дали станува збор за долгорочна одлука или за прилагодување на тренинг и физичка подготовка, во нова фаза од неговата кариера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ глуми во популарна комедија заедно со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

Филм | пред 15 часа

— реклама —
media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Нов пад за Ѓоковиќ на АТП-листата, српскиот ас сега е 12. во светот

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Ѓоковиќ повторно на теренот во Париз, во второто коло против Австралиецот Хиџиката

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2022-02-15-083943

Познат е терминот за првиот меч на Ѓоковиќ на мастерсот во Париз

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања