Замислете дека животот има свој алгоритам. Невидлив, упорен и понекогаш безобразен, кој постојано ги повторува истите теми сè додека не ја научите лекцијата. Нема случајности, туку работи што се враќаат и совршено се вклопуваат со карактерот на секој хороскопски знак. На едни им носи предизвици, на други спомени, на трети луѓе за кои мислеле дека одамна ги оставиле зад себе.
Кај Овните, животот ретко дозволува мир. Штом ќе помислат дека конечно можат да здивнат, се појавува нов предизвик, нова борба, нова можност да се докажат. Ситуациите што им се сервираат бараат итна реакција, без премногу размислување. Пауза речиси и да нема, но затоа храброста, егото и трпението постојано се ставаат на тест, без никакви олеснителни околности.
Биковите, пак, животот ги опсипува со удобност. Секогаш некако се наоѓаат во ситуации каде што можат да останат, да уживаат и да се задржат малку подолго. Добра храна, пријатни луѓе и навики од кои тешко се откажуваат постојано им се нудат. Проблемот настанува кога таа удобност се претвора во стагнација, но животот не брза да ги турне напред ако ним им е пријатно.
Кај Близнаците, секојдневието е преполно со информации. Пораки, повици, нови луѓе, нови теми и идеи постојано се појавуваат. Едвај ќе започнат нешто, веќе се отвора нова можност. Досадата е речиси невозможна, но концентрацијата е вистински предизвик. Сè е интересно, сè изгледа важно, но ништо не трае доволно долго за целосно да се продлабочи.
Раковите, напротив, постојано се соочуваат со минатото. Луѓе што се појавуваат одненадеж, спомени што излегуваат без најава и емоции за кои мислеле дека одамна се надминати. Животот упорно им ги враќа недовршените приказни, како да им порачува дека ништо не е затворено додека навистина не се проживее до крај.
Лавовите секогаш имаат публика. Дури и кога не ја бараат, вниманието некако само ги наоѓа. Животот им нуди сцени, големи и мали, каде што можат да блеснат, да се истакнат или барем да бидат забележани. Постојаното прашање што им се поставува е што ќе направат кога рефлекторите ќе се вклучат.
Девиците живеат во свет на постојани корекции. Грешки што треба да се поправат, системи што мора да се унапредат и сопствената личност како вечен проект. Дури и добрите моменти доаѓаат со листа на мали забелешки. Одморот е редок, а стремежот кон подобро речиси никогаш не престанува.
Кај Вагите, животот постојано нуди избори. Две страни, две мислења, две вистини. Од нив се очекува рамнотежа, дипломатија и правичност, а одлуките ретко се едноставни. Прашањето што постојано се повторува е како да ги задоволат сите, без притоа да се изгубат себеси.
Шкорпиите немаат површни искуства. Сè што им доаѓа носи длабочина, интензитет и силен емотивен влог. Дури и кога посакуваат мир, животот ги тера да погледнат под површината, каде што нема враќање назад и каде што секоја вистина има цена.
Стрелците ретко мируваат. Патувања, преселби, неочекувани можности и уште понеочекувани луѓе постојано се појавуваат. Слободата им е дар, но и немир. Штом ќе се задржат предолго на едно место, животот им подава нова карта и ги турка напред.
Јарците живеат со чувство на одговорност. Рокови, обврски и ситуации што бараат зрелост се нивна секојдневна реалност. Хаосот е редок, но тестовите на издржливост се постојани. Животот упорно ги прашува колку далеку можат да одат пред да признаат дека се уморни.
Водолиите постојано се во експеримент. Необични луѓе, нови идеи и ситуации што другите не би ги сметале за нормални се нивна секојдневица. Рутината им е најголем непријател, а животот постојано ги предизвикува да одат чекор подалеку од прифатеното.
Кај Рибите, реалноста често се меша со соништата. Емоции, интуиција и симболика се секојдневие. Луѓето доаѓаат со проблеми, ситуациите се сложени, а пораките ретко се директни. Сè има значење, дури и кога другите не го гледаат, а Рибите остануваат тие што чувствуваат, толкуваат и помагаат.