Стоилковиќ: Веќе нема играње на фудбал по канцеларии или спиење на работните места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-librarytssqdv7q2irqa1Nj76a

Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој вчера одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот фронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.

— реклама —

-20 години го раководите Министерството, кое 20 години не е министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана Министерство. Вие се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале, вели Стоилковиќ.

Тој посочи дека пред десетина години кога Генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примените работници не оделе на работа, а примале личен доход.

— реклама —

-И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек, вели Стоилковиќ.

Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи. Посочи дека за видео снимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и какошто рече „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.

Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.

-За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и  македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа, па каде вие одевте вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место, рече Стоилковиќ.

Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње на фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye80rui390l4d3MLykPS

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

Македонија | пред 3 седмици

296168561_5284906494937573_8491141852580675538_n

Министерот Стоилковиќ го праша Костовски од СДСМ дали сака пумпање, па му му вели „затворите чекаат“

Македонија | пред 10 месеци

347583356_932759361170842_5635453725784739630_n-480x361-1

Стоилковиќ: ДУИ креираат виртуелна реалност и опасности за потоа да ги решаваат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања