Стоилковски: 12 директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, додека министерот се крие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-6480PM

“15 дена растурените СДС и ДУИ повеќе се посветуваат на спас на партиски функции отколку што се грижат за пациентите кои ги враќаат од Хирургија и за колапсот на здравствениот систем којшто го предизвикаа со нивната негрижа и лакомост за провизии”, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Најголем број директори и раководители од 12-те оддели на Хирургија се на функција по седум години, исто толку години колку што СДС/ДУИ во здравството гледаа златна кокошка, наместо систем за заштита на здравјето на народот.

15 дена нема абер од надминување на состојбата на Хирургија, темелот на системот и сржта на терцијалното здравство, а тоа предизвика хаос на сите здравствени установи, и државни и приватни.

— реклама —

До сега можеше барем да се обзнани колку би чинела санацијата, но веројатно уште нема таков план.

Оттука, ги повикувам сите 12 раководители на Хирургија, да не се кријат од јавноста, туку одговорно да излезат јавно да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, и колкава опасност и штета предизвикува системот на компримиран воздух, додека економскиот директор шета на Азурен брег со други од администрацијата, а министерот се крие.

Д-р. Александар Трајановски директорот, да каже колку пациенти се вратени, одложени, препратени од ТОАРИЛУЦ?

Д-р. Софија Пејкова директор на пластична хирургија да соопшти бројка на пациенти кои се вратени или препратени да создаваат хаос во други болници.

Д-р. Зоран Караџов да излезе јавно да соопшти за бројот на пациенти од абдомен кои останаа без помош на Хирургија.

Директорот д-р. Сашо Дохчев за тоа колку пациенти се вратени или чекаат на Урологија.

Д-р. Александар Жупановски да излезе за состојбата со вратени пациенти за операции од Неврохирургија.

Директорот д-р. Неџат Јакупи на Торакална, да каже колкумина пациенти биле на листата за операции за минатите 15 дена. Директорката на Детската хирургија, д-р. Славица Литајковска за деца-пациенти, дали се оперирани со посебен потпис за одговорност на родителите?

Јавно да излезе д-р. Далип Јахија за состојбата со пациенти на Ортопедија кои чекаат операција.

Д-р. Никола Брзанов да каже колку пациенти се препраќани, или можеби враќани од Ургентен.

Илир Хасани, директорот наместо да се расправа со спикерката на албанскиот парламент, да излезе за состојбите на Траума поврзани со неработењето на салите за операција особено што беше и заменик министер на Филипче

Директорката Маја Мојсова да каже за состојбата на КАРИЛ, дали ќе издржат надворешните системи ама и кога ќе има услови за да почне реновирањето потпишано пред скоро 4 месеци?

И во нивниот настап секако да има став и за заеднички служби и за министерот, и секако зошто не се избориле, односно дозволиле распад на Клиниката?

Докторската и раководната титула не е само борба за плата, туку и борба за подобри услови за пациентите.

Белиот мантил не носи само привилегии и титула, туку и одговорност пред пациенти, особено ако се прифати и директорска раководна позиција.

Молкот е повеќе од срамен и е на ниво на соучество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања