Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Дали дигитализацијата на Царовска ќе чини 120 милиони евра?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stoilkovski01052021

Нема одговор од режимот на мафијата за тоа колку ќе чини таканаречената дигитализација на образованието што го турка на сила. Режимот на мафијата докажа дека ниеден зафат не е способна да спроведе ако зад тоа нема проценти и провизии, ако зад тоа нема лукративни пориви. Режимот сега тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината. Во услови на епидемија, околу 25,000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни. Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Стоилковски додаде:

Оттука, Мила Царовска е должна да одговори: Дали зад овој таканаречен проект на дигитализација не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари?

— реклама —

И дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска?

— реклама —

Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми?

Почитувани, овој „дрвено железо“ проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема доблест да ги одговори.

— реклама —

Креирање на образование кое што креира нееднаквост меѓу децата, притоа со европско знаменце е злоупотреба на моќ и злоупотреба на вредностите. Укинување на учебници нема во ниту една земја во светот. Електронски учебници можат да бидат само помагала, но не и врз нив да се одвива сиот наставниот процес.

Ова не е реформа, ова е експеримент на мафијата на власт со иднината на децата, којшто чини 120 милиони евра, а зад којшто стојат однапред договорени фирми и сметки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања