Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Дали со ШИК Јелак Заев пере црни пари од Панама?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum-3

Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП мора да направат истрага за парите кои што стојат зад скандалот со  ШИК Јелак – Тетово и за тоа да испратат информација до ЈО! Овие институции мора да покажа и да истражат за потеклото на 2 милиони  евра, пари од основачкиот влог, со кои што е отворена компанијата на Миодраг Дака Давидовиќ во Македонија  која што стои зад скандалот ШИК Јелак, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалот ШИК Јелак од ден на ден расте се повеќе, излегуваат се повеќе информации, ама тој е невидлив за овие институции кои што мора да бидат активни!

— реклама —

ШИК Јелак во себе содржи елементи на криминал и на висока корупција, содржи елементи на поткуп, нетранспарентно финансирање на СДСМ, содржи елементи како во земјава влегуваат црни пари од Панама и постојат елементи на поврзаност на владата на Мафијата директно со докажани анти ЕУ и анти НАТО балкански мешетари!

— реклама —

Парите со кои е купен ШИК Јелак, парите заради кои Заев нарачува менување на ДУП-от, парите кои што стојат зад сиот скандал доаѓаат од ОфШор фирма од Панама, каде сопственик е Миодраг Дака, заедно со двајца фиктивни физички и правни лица и чии што потписи стојат на уште 8-9 илјади такви фирми! Тоа само по себе зборува дека се работи за можеби фиктивна фирма на Панама со претпоставена цел, покритие на можеби нечесно стекнати пари на Миодраг Дака Давидовиќ.

— реклама —

Дали со ШИК Јелак Заев и Ахмети во Tетово перат црни пари од Панама? Дали зад ова нема перење пари, тоа треба да го докажат токму соодветните институции, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП. Се друго е криење и со тоа соучество!

Ова е милионски скандал со огромна можност за политичка вмешаност во криминогени дејства, однапред договорени владини одлуки, влијание на Заев врз општински советници за промена на ДУП, а целиот скандал фрла правен сомнеж за политички цели, за можно носење на политички одлуки за имотно- правна корист, за злоупотреба на службена положба, и што ли уште не согласно 353 од КЗ на Република Македонија.

— реклама —

Институциите повеќе не смеат да молчат, ова е огромен скандал којшто носи можност за заработка и крие можеби политичко влијание и злоупотреба на службена положба и овластување, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања