Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стоилковски: Изборот на новиот ЈО е најдемократскиот чекор од страна на една власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryrr1611plvc2g3IXwNld

Наум Стоилковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против криминал и корупција преку зајакнување на независноста на институциите. Како доказ го наведува изборот на Ненад Савески за јавен обвинител, оценувајќи го како демократичен чекор и избор на професионалец без политички врски. Тој ја критикува опозицијата што не гласала и тврди дека претходните обвинители не дејствувале по коруптивни и криминални афери. За предвремени избори, Стоилковски вели дека нема да има.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ како носител на власта останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата и токму во тој правец прави се што треба за независност на институциите, кои со целосен кредибилитет ќе ги спроведат постапките до крај, нешто што може да се види и од изборот на новиот јавен обвинител, што претставува една од најдемократските чекори до сега во државата, посочува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој во своето гостување на „Клик плус“ во телевизија Тв21, истакна дека на позицијата државен јавен обвинител избран е човек со чисто и професионално досие, со кредибилитет, почитуван од колегите и фелата.

— реклама —

„Изборот на Ненад Савески за нов републички јавен обвинител е најдемократскиот чекор до сега покажан од страна на една власт во Македонија кон Јавното обвинителство. Избран е човек со чисто досие, со професионално досие, почитуван од колегите, предлогот дојде од нивна страна, кандидатурата е негова, има волја, има желба, не е политичка фигура или замешан во политиката“, рече Стоилковски.

— реклама —

Во однос на негласањето на пратениците од македонската опозиција, Стоилковски потенцираше дека тие се навикнати на ликови како Коцевски, кој не презел ниеден чекор во борбата против криминалот и корупцијата и за кој грчевите до последен момент се бореа да остане на функцијата.

„Претходно, претходникот на Ненад Савески, но и за неговиот претходник, СДС грчевито се бореше да останат таму каде што беа. Зборам и за Коцевски, зборам и за молчаливиот Јовески, како што самите го нарекуваа. Сакате да зборуваме за коруптивни скандали, за криминали изнесени пари од Македонија, сакате да зборуваме за наркомафија, сакате да зборуваме за криминал во енергетиката. Сакате да зборуваме за увоз на енергенси, сакате да зборуваме за крадење на струја од европската мрежа, за што бевме опоменувани. Одлично што сакате сега за зборувате, меѓутоа не зборувавте, туку молчевте цело време. Вие се боревте за ликови и застанавте во одбрана на Коцевски да остане јавен обвинител иако велите дека до сега немало никаков чекор направен во борбата против криминалот и корупцијата“, рече Стоилковски.

Во однос на темата за предвремени избори, Стоилковски истакна дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека тие ги има само во главите на Венко Филипче и на останатите неколку ликови во неговата партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Стоилковски: Платформа 1198 е одговор на огромниот број на барања и проблеми на граѓаните

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

Македонија | пред 2 години

nafi-abdiovski-naum-stoilkovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Абдиовски е во бегство десет дена, бегалецот му стави „лајк“ на постот

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања