Стоилковски: Конфликт на интереси: Владата на Заев им даде 30-годишна концесија на фирмата на бате Вице и бате Трајче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum-3

Според одлуката на владата на 6 октомври, Еленица, семејната компанија за цигли на Трајче Заев, на Вице Заев и на Катерина Бојовиќ Заева, доби концесија на цели 30 години за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Раборци“ во струмичко.  Внимавајте, владата на Заев, им дава концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

— реклама —

Концесија за руда за следните цели 30 години, на семејната фирма на Заев.

Ова е конфликт на интереси и класична злоупотреба, ова е класична приватизација на владата и на државните ресурси, целосна неетичност во водењето политики. Ова е безобразно.

— реклама —

Ако антикорупционерите тука не видат конфликт и злоупотреба, ако не гледаат влијание, и ако за ова ДКСК остане сокриена зад недоречености, тогаш слободно Антикорупциска нека се самораспушти.

Додека Заев се закануваше дека ќе ги остави малите компании да згаснат во кризата и дека нема намера да им помогне, истовремено со одлука на неговата влада непречено ги помага фирмите на Бате Вице. Ете затоа е мафија!

Ова не е прв пат Заев да ја форсира фирмата на бате Вице и бате Трајче- компанија со годишни обрти од над 5 милиони евра. Еленица се најде во скандал од 220.000 евра пари од Фондот за иновации, годинава Еленица зема пари- државна помош од 841.000 денари за минимални плати за работниците, а сега Заев обезбеди 30 годишна концесија за минерални суровини.

Бате Вице врти милиони со фирмите само и само заради Зоран Заев!

Во Македонија со Заев, нема фонд, нема помош, нема концесија за никого, освен за фирмите на бате Вице и на мафијата на власт, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања