Промени тема
Контакт

Стоилковски: Му кажуваа на народот каде да протестира, а сега како да размислува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Naum-Stoilkovski-10.03-2

Му кажуваа на народот каде смее да протестира, сега му кажуваат како смее да размислува. Авторитарниот режим на Заевизмот чиј администратор е пиунот Ковачевски скандалозно бара во Законот за граѓанска одговорноста да се казнува за искажано негативно мислење, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлог Законот за граѓанска одговорност во која власта предвидува да се оговара за негативно мислење.

— реклама —

Стоилковски истакна дека тоа е скандалозно и со тоа власта сака да го репресира народот за секоја критика на нивните лоши политики и за владеењето на криминалот и корупцијата.

— реклама —
— реклама —

- Ова за жал не е преседан и грешка, туку е тенденција која трае неколку години. Така во 2019-та година истата власт на заевизмот бараше ограничување на правото на протест, меѓу другото и со забранување на протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. А каде граѓаните да го изразат револтот за лоши политики, ако не пред институциите кои тоа го предизвикуваат, потенцираше Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања