Промени тема
Контакт

Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_PVRSM_PRSM-1

„Зад мене ја следите полициската видео снимка при акција во скопско Визбегово, каде според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сѐ не“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38 годишниот ИП. И.П е затекнат при обработка на марихуаната! И сѐ ова се случува 24 септември 2020 година. И сѐ до ден денешен нема судска разрешница за овој спектакл, акција на МВР. Напротив, има олеснителни околности. Причината за тоа можеби лежи во фактот дека зад иницијалите ИП можеби е Иван Попов, брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов? По година ипол, случајот сѐ уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува“, додава Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели:

— реклама —

„Ако побарате на страната на ЈО, за сите вакви јасни кривични дела поврзани со производство на дрога , за дела спротивни на кривичниот законик, член 2015 - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, обвинителството бара а судот веднаш определува мерка притвор.

Притоа, случаите експресно минуваат низ судската постапка. Во овој случај година ипол тапка во место, а И.П., можеби Иван Попов, е во домашен притвор.

— реклама —

Причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.

— реклама —

Почитувани,

Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања