Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Стоилковски: Полиција во дом на пратеник е притисок од Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Naum-Stoilkovski-10.03-2

Режимот паѓа онака како што и владееше, недостојно и недостоинствено, со многу криминал и злоупотреби на институциите, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму на денот кога се гласа недоверба на владата, режимот на Зоран Заев прави притисок врз опозициски пратеници и пушта полиција за претрес во домот на пратеникот којшто престојува со своите родители!

— реклама —

Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не!

— реклама —

Притисокот, полициска бруталност, судски налози, ливчиња и политички нарачани налози за дом на пратеник токму денеска кога се гласа недоверба на владата на овој режим на Зоран Заев! Влетува финансиска полиција на Арафат Муарем, партиски војник којшто одработуваше и за време на изборите во корист на режимот.

— реклама —

Токму од сите денови, токму денеска, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Арафат Муареми испратија полиција во дом на пратеник на опозицијата! Целта не бил пратеник, целта бил негов родител, којшто и ова ќе додадам, не е приватен стопанственик, не е трговец поединец.

Арафат Муареми, Оливер Спасовски, Обвинителството, денес не работат да најдат кој тоа предизвика енергетски колапс и економска штета на државата - Арафат Муарем, Оливер Спасовски, Обвинителите и судот праќаат полиција во дом на пратеници!

Почитувани, ништо нема да го спаси режимот. Зоран Заев Оливер Спасовски Арафат Муарем и другите сателити на криминалот и корупцијата, сателити на срамот на државата, за 12 часа ќе се минато“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања