Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: РЕК Битола загуби 70 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stoilkovski18112021

Почитувани, РЕК Битола работи на минимум. Вчера работеше само еден блок и тоа со 20% од капацитетот. Наместо енергетска стабилност, наместо развој кон тоа РЕК Битола да биде извор за затоплување на вториот по големина град во Македонија, Битола, РЕК Битола е пред колапс, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

И не е само до немањето на јаглен. Јаглен нема затоа што не се копаше и не се набави на време.

— реклама —

РЕК Битола е слика за водењето на Македонија од СДСМ.. Во моментов Блок 3 е надвор од погон. Неговото санирање може да трае и цела година. Санацијата на цвеките на котелот на Блок 1 не знаеме во која фаза е. Работи само Блок 2. Јаглен на депонијата нема, увозот на знаеме до каде е. Ете тоа е состојбата во којашто СДСМ го доведе најголемиот производен капацитет РЕК Битола.

— реклама —

Почитувани, до сега се потрошени над 11 милиони евра за увоз на струја, плус 15 милиони за плаќање на украдената струја од европската мрежа. На 26-те милиони евра, се планираат 65 милиони за дополнителни трошења. Вкупно ова се ќе чини 90 милиони евра.

Доколку се копаше јаглен сето ќе завршеше за помалку од 20 милиони евра. Да сумирам неспособноста и лакомоста на СДСМ чинат 70 милиони евра

— реклама —

Раководството на ЕЛЕМ е целосно неспособно и нестручно и воопшто не се грижи за правилното одржување на целата постројка. Македонија е длабоко навлезена во енергетска криза.

— реклама —

Се фалеа со профит на ЕЛЕМ, а денес гледаме дека ЕЛЕМ е еден од најголемите загубари во Македонија. Финасиската инјекција од владата се пари на граѓаните за да уште малку се преживее до утре, задутре, можеби само три дена.

Потребни се итни неодложни оставки на сиот раководен тим на РЕК Битола и МЕПСО, и наместо Васко Ковачевски и тајфата од СДСМ, да дојдат способни луѓе, за спас на тоа што е останато од РЕК Битола и ЕЛЕМ. Се' друго е намерно дополнително тонење на енергетскиот систем во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања