Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: СДСМ со лаги го правда незаконското работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Naum-Stoilkovski-10.03-2

СДСМ се обидува со невистини да го покрие незаконското работење, свесното кршење на закони, свесното компромитирање на високото образование, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски и тимот уште неседнати во фотелји, работат незаконски и се правдаат со лаги.

Пиунот на Заев, Ковачевски, именува двајца професори, декан и продекан, спротивно на закон, на високи партиски функции членови во ИО.

— реклама —

Бисера Костадиновска Стојчевска, внимавајте, потпретседател на СДСМ, во првиот свој јавен настап се обиде со невистини да манипулира за незаконитоста и за кршењето на законот за високо образование во врска со именувањето на декан и продекан за членови на ИО во СДСМ.

— реклама —

Двајца професори, членови на СДСМ, универзитетски декан и продекан, го кршат законот и прифаќаат да се членови на највисоко партиско тело Извршен одбор на СДСМ, тело коешто според статутот на партијата, креира и спроведува политики и е одговорно за внатрешното структуирање на партијата.

И никој од нив не се извинува веќе петти ден, ниту презема одговорност или покажува доблест да ја смени одлука.

— реклама —

Ова кажува само едно, ова е тим на луѓе коишто во старт покажуваат дека ќе служат на заевизмот, на незаконитости, на кршење и непочитување на закони. Тоа е СДСМ, служење со лаги и незаконско работење само во заштита на криминалот и корупцијата, во заштита на Зоран Заев неговите интереси“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања