Стоилковски: Што бара Радмила со Катица кај Боки 13?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
naum

Радмила Шекеринска цел ден молчи откако во јавноста вчера излезе снимка од која што се гледа како таа седи во опуштена атмосфера со извршителите во случајот „Рекет“, Боки 13 и Катица Јанева. За кои што половина СДСМ тврдеше дека не ги познава и дека се знаат само од телевизија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Шекеринска мора да одговори за што разговарала со двајца сега веќе осудени за случајот „Рекет“? Уште повеќе, зошто Шекеринска во јавноста ги негираше средбите во домот на Боки13? Што крие Радмила Шекеринска од јавноста, кога не признаваше дека имала средби со Боки13? Што се разговарало на тие средби за кои што таа не сака и сокрива од јавноста?

Откако дознавме дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заев, сега гледаме и дека на Боки13 на гости му одела и Радмила Шекеринска, вториот човек во СДСМ.

— реклама —

Видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи директно ја покажува сета спрега на СДСМ и нејзината рекетарска влада!

Видеото ја покажува блискоста на СДСМ со специјалната јавна обвинителка, сега затвореничка, и како што сами ја нарекуваа, провладината телевизија!

Видеото покажува и какви ли се не докази се сокриени од страна на ЈО, јавните обвинители Јовески и Русковска!

Што ли уште треба да се појави во јавноста за конечно да се расчисти главата, нарачателите и главните луѓе во случајот „Рекет“?

За потсетување, телефоните на сега обвинетите не се вештачени, иако беше посочувано од осудените среде судот, среде судскиот процес за „Рекет“.

Беше барано, а ЈО молчи и одби вештачење на телефоните на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и шефот на Радмила Шекеринска!

Ова е директен доказ за трас-трас судството и Луј Витон обвинителството за неправосудството во Република Македонија. Македонија повеќе не може да издржи компромис со криминалот. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања