Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: Вилата од 300м² Шилегов ја вреднува колку еднособен стан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stoilkovski-04.09

Од тука од Маврово ви презентирам уште еден луксуз на Петре Шилегов, градоначалник на заминување на Скопје, купен на Маврово со чиновничка градоначалничка плата, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 м2, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.

— реклама —

И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени односно со вредност од 55.000 евра.

— реклама —

Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје.

Почитувани,

— реклама —

Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300м2, само површина на куќата, на луксузната вила. А, по неполни три години започнува со градба нелегално, дивоградба, без документи, на семејна зграда од четири спрата и 400 м2 во центарот на општина Карпош, на многу атрактивна локација.

Почитувани,

— реклама —

Ако ова сето не раѓа сомнеж за потеклото на имот на Петре Шилегов, кој што во својот мандат успеал со градоначалничка плата да создаде ова богатство и да изгради уште едно богатство семејна зграда во центарот на Карпош и тоа без документи, тогаш веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира.

Нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема ништо полошо од Петре Шилегов“, изјави Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања