„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците кои на насилен и криминален начин гласаа и го донесоа ребалансот на општинскиот буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
opshtina-gazi-baba

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп.

— реклама —

Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде:

— реклама —

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.

Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.

Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие.

А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава.

Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања