Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев?!
Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред Јавен обвинител да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава.
Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат.
Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите.
Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.
Зошто се остава толкав простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.