Промени тема
Контакт

Стоилковски:Заев јасно да го каже ставот за Делчев и македонскиот јазик!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum

Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик!

Повели Заев излези и кажи го твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик?

Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!

Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна.

Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ. Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава.

Уште еднаш потенцираме дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и нема никогаш да го почитуваме таквиот договор, истакна Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања