Стоилковски:Заканите по живот се мафијашка порака од Заев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
stoilkovski-2

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред  Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?

— реклама —

Заканите кон Боки 13  една недела откако тој на суд, пред целата јавност кажа дека милионите од Рекет завршиле кај браќата Заеви, се мафијашки пораки на Заев до Боки 13, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Боки 13 е човекот кој што сите го видоа како ја носи чантата Луј Витон полна со рекетирани милиони, и самиот тој кажа дека токму тие милиони завршиле кај Зоран и кај Вице Заеви.

— реклама —

Затоа ли исказот на Боки 13 наместо да заврши веднаш и да се започне со постапка, завршувањето на неговиот исказ е закажан за 3 јули, односно после цела недела откако се упатени заканите.

Се остава ли простор, за дополнителни закани, за упатување на пораки, правно кажано за влијание врз пријавувачот среде исказ за да се предомисли и да ги сокрие вистините, за кој што тој одлучил да зборува?!

Се остава ли простор повторно да се сокрие вистината, кој стои зад Рекет и кои се нарачателите на најголемиот скандал во Македонија, за кој што веќе има правосилна пресуда за извршителите?!

Никој веќе не верува дека шоуменот Боки 13 е креатор, творец и извршител на милионски рекет. И дека зад тоа нема политички силни фигури, со злоупотреба на државни институции и функции.

Уште што треба да се случи за Русковска и Јовевски да се симнат од скутот на Зоран Заев?

Ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт, која што ја има заробено Македонија повеќе од 3 години.

Македонија повеќе не може да прави компромиси со криминалот, рекетарските здруженија и мафијашките кланови на забеганото СДСМ.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања