Апелацискиот суд во Скопје ја одби како неоснована жалбата на Стојанче Јовановски и ја потврди првостепената пресуда со која тој беше осуден на 12 години затвор.
Од Судот информираа дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26 и по одржана јавна седница, донеле пресуда со која во целост ја потврдуваат одлуката на Основниот кривичен суд Скопје од 7 мај 2026 година.
Јовановски во мај годинава беше прогласен за виновен по обвиненијата дека, како последица на долгогодишно семејно насилство, ја навел својата сопруга Ивана, заедно со нивната ќерка Катја, да скокнат од балкон.
Против него се водеше постапка за кривичните дела семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.