Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стојаноска: Додека СДС 7 години расипнички го трошеше буџетот, ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот обезбедува повеќе пари за плати, пензии, капитални инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stojanoska

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисија за финансирање на буџет посочи дека СДС имаа можност 7 години да докажат колку се загрижени за потребите на граѓаните.

„Кога ќе ве потсетиме дека имавте можност од цели 7 години за да докажете колку сте домаќини, колку сте загрижени за реалните потреби на граѓаните и колку сте чесни вие веднаш возвраќате со одговор да не се враќаме назад, ние казната ја добивме на последните избори. Не, колеги. Тоа што изгубивте катастрофално на последните избори, тоа ви е казна од народот. Не трудете се народот да заборави дека вие не доведовте до оваа ситуација. Не трудете се да се извлечете од вашиот кабает за се што денес преживуваме, а заради вашата немилост во 7 години ваше владеење. И немојте да ги релативизирате вашите гревови и денес овде да ни изигрувате големи домаќини. За тоа што лани начекавме речиси испразнет буџет, за тоа не е доволна само казната од народот на последните избори. За тоа допрва ќе треба да се разбудат од длабокиот зимски сон оние кои бараа зголемен буџет вчера“ , рече Стојаноска.

Стојаноска во врска со 7 годишното владеење на СДС потсети дека просечниот раст на БДП бил 1,6%, а ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа да го доведе над 3%.

— реклама —

„Што се однесува до вашиот лажен домаќинлук, добро е да и се повторува на македонската јавност фактот дека за вашето седумгодишно владеење постигнавте просечен раст на БДП од 1,6 проценти. За разлика од вас, ние за само една година постигнавме раст од над 3 проценти. И немојте, ве молам, да се вадите на ковид кризата и на војната во Украина, затоа што едноставно не поминува. Вие, за време на ковидот, бевте вистински профитери и криминалци. Гласавте лиценци за марихуана и за брусење на дијаманти, а народот го оставивте без вакцини. Гласавте 9 економски пакети за поддршка на стопанството, а не видовме како и каде завршија тие милионски суми. Но, да, ги гледаме денес вашите омилени лидери како шеикуваат во Дубаи и како оддалеку ви се смешкаат, додека вие овде изигрувате загрижени за народните пари. Вие, кои буквално го опљачкавте македонскиот народ, денес кажувате како требало домаќински да се работи“ , кажа таа.

Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна и на инфлацијата со што укажа дека во време на СДС таа била двоцифрена, а со ВМРО-ДПМНЕ во првите 5 месеци од оваа година изнесува 3,7%.

— реклама —

„Па еве, да ве потсетам како се работи домаќински со само неколку факти. За БДП веќе ви споменав – раст од 3 % за само една година, раст во услужниот сектор од 2,2%,раст на индустријата од 2,1 %,раст на градежништвото од 7,1 %,раст во земјоделството од 0,7 %,понатаму имаме раст на нето платите, и тоа: здравствена и социјална заштита 14,7 %, образование 14,4 %, администрација 13 %.Понатаму, додека во ваше време дочекавме и двоцифрена инфлација со бројот 2 напред, истата во првите 5 месеци од оваа година изнесуваше 3,7 проценти. Сето ова не наведува на проекција за економски раст од 3,7 проценти до крајот на 2025 година. А, силниот раст на приходите во првите пет месеци од оваа година од 8,6 проценти е резултат на големите инфраструктурни проекти – коридор 8 и 10 и железничката инфраструктура“, истакна Стојаноска.

— реклама —

Пратеничката Стојаноска во врска со ребалансот на буџетот порача со овој ребаланс на буџет дека ќе се обезбедат повеќе пари за плати, за пензии, капитални инвестиции.

„Со овој ребаланс обезбедуваме дополнителни средства од 800 милиони денари за плати од 2,5 милијарди денари за пензии и од 300 милиони денари за капитални инвестиции. Со овој ребаланс ќе има две милијарди денари повеќе за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта“, додаде Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 2 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања