Стојаноска: Судските институции мора да постапат во случајот со набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма за кој се обелоденија документи за провизии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcina-vakcinacija-7

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, во врска со денешното обелоденување на документи за набавката и провизии за кинеските вакцини, порача дека институциите мора да постапат во овој случај и по сите останати случаи за кои се молчи.

— реклама —

-Месечно имаме околу 100 починати, жртви или бројка на починати која е многу поголема можеби од состојба на војна, министерот за здравство би го нарекла како воен профитер за овој криминал за кој претседателот Мицкоски извади документи, каде се посочува дека се уплатени тие 7.8 милиони евра, вели Стојаноска.

— реклама —

Таа посочи дека имаме состојба во која илјадници луѓе ни умреа од Ковид кризата и во состојба во која имаме повеќе од четири месеци доцнење од започнувањето на вакцинацијата, Македонија е земја која бележи најголем број на починати, а најлошо се справува со вакцинацијата.

— реклама —

Мислам дека треба да се плаши тој за кого се зборува дека извршил криминал, а институциите треба да си поведат постапки и не само за овој случаи, туку за многу случаи за кои се молчи, а има случаи за кои се вели дека нема криминал, а се докажува спротивното, така беше и со случајот со Рашковски, за кој Заев велеше дека нема криминал со софтверот, а сега се терети за криминал, а тоа е можеби обид за прикривање на криминал или вмешаност за криминал, појасни Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања