Промени тема
Контакт

Стојаноски: Направивме многу за ГОБ „8 септември“, реконструкција на хируршкиот блок, модерна опрема и кадровско екипирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sinisa-stojanoski

На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, се обрати Синиша Стојаноски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ГОБ „8 Септември“, кој истакна дека е наследена лоша состојба во здравствениот сектор, многу финансиски долгови и затворени одделенија долгови, притоа истакна дека за една година е направено многу во тој дел, со овозможување секој граѓанин да има пристап до здравствените услуги.

— реклама —

„Пред една година кога ги наследивме институциите во здравствениот систем сфативме дека навистина треба да повлечеме една линија и да почнеме од почеток. За жал тоа не беше почнување од нула туку од минус. Начекавме институции со големи финансиски долгови, со затворени одделенија, без нови методи и без актуелни методи кои треба да ги задоволуваат потребите на граѓаните како здравствена услуга конкретно на ГОБ 8 септември“, рече Стојаноски.

— реклама —
— реклама —

Стојаноски истакна дека сето она што е ветено во предизборието се остварува, со тоа што во секое одделение во ГОБ „8 септември“ е воведена една до две нови дијагностички терапевтски процедури и после 40 години е направено реновирање на хируршкиот блок.

— реклама —

„Она што за една година успеавме да го направиме е да се држиме до она што беше предизборно ветување, најпрво да се потрудиме да направиме една рамномерна регионализација, да овозможиме пристап на граѓаните до услугите коишто секоја институција треба да ги нуди и тука морам да признаам дека веднаш наидовме на сериозна поддршка од Фондот за здравствено осигурување, тие имаа навистина слух за потребите на ГОБ „8 септември“. Секое од одделенијата доби задолжение да воведе минимум една до две нови дијагностички и терапевтски процедури, повторно наидовме на слух од Фондот за здравствено осигурување, добивме финансии како од аспект на опрема којашто е модерна и потребна за оваа цел, така и со кадровско екипирање. Се прави комплетна реконструкција на хируршкиот блок. Болницата треба и заслужува да прерасне во регионален центар, делата ќе зборуваат за нас“, вели Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нервозен и во паника, СДС нема што да им понуди на граѓаните

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 ден

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања