Промени тема
Контакт

Стојаноски: Ниту еден од амандманите кој се за суштинските проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров не е прифатен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bojan-stojanoski

Заврши амандманската расправа за предлог ребалансот на буџетот за 2021 година.

Поднесов неколку амандмани со суштински проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров, кои без исклучок ги ветуваше и СДСМ во нивните програми.

Ниту еден не ми беше прифатен.

СДСМ се грижи за граѓаните само пред избори, напиша на својот ФБ профил Бојан Стојаноски Пратеник во собранието и Претседател на Општински Комитет на ВМРО - ДПМНЕ Ѓорче Петров.

📌 Средства во висина од 33.000.000 денари за нова сала за гимнастика "Партизан" во Ѓорче Петров, на местото на постоечката, бидејќи старата сала за гимнастика е во многу лоша состојба, при што постои реална можност да се наруши здравјето на гимнастичарите и вежбачите.

📌 Да се обезбедат средства за изградба на тениско игралиште во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во општина Ѓорче Петров;

— реклама —

📌 Средства во висина од 20.000.000 денари за изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“, подрачно училиште во населено место Хром, општина Ѓорче Петров;

📌 Средства во висина од 300.000.000 денари за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село и Дексион;

📌 Средства во висина од 188.000.000 за изградба на нов мост на реката Вардар и поврзување на населено место Даме Груев, општина Ѓорче Петров со булеварот Илинден;

📌 Средства во висина од 25.000.000 денари за изградба на нов објект на СУГС Кочо Рацин, во општина Ѓорче Петров, како би се обезбедиле нормални услови за одржување на настава;

📌 Средства во висина од 400.000.000 денари за изградба на уште една Регионална депонија во Скопје, како би се намалило енормното загадување на почвата и амбиенталниот воздух во Скопскиот регион. На тој начин би се решил постојаниот проблем со депонијата во населеното место Ново Село, во општина Ѓорче Петров и Скопскиот регион;

📌 Средства во висина од 100.000.000 денари за уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец во регионот на општината Ѓорче Петров;

📌 Средства во висина од 50.000.000 денари за изградба на фекална канализација во населено место Волково и Орман, во општина Ѓорче Петров.

— реклама —

ВМРО - ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе најде начин да ги реши овие проблеми.

Од октомври новата локална власт предводена од ВМРО - ДПМНЕ ќе понуди нов, модерен, урбан концепт кој ќе ги реши сите клучни проблеми на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања