Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стојаноски: За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stojanoski

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.

,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба – кај граѓаните. Затоа што буџетот – тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.

— реклама —

Стојаноски истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.

,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни. Овие зголемувања се издржани и поткрепени со реализацијата во првите месеци. Тоа не е симболично – тоа е суштински одговор на потребите на граѓаните“, кажа Стојаноски.

— реклама —

Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.

— реклама —

,,Се обезбедуваат средства за ,2 милијарди денари за доизградба на ФИНКИ, ФФК и комплексот на Мајка Тереза, ваучер од 250 евра за секој студент – 55.000 студенти добиваат техничко помагало, реактивирање на проектот „Купи куќа за млади“ односно се зголемува ставката за цели 111%, 307 милиони денари за набавка на 120 нови автобуси, плус 307 милиони денари за изградба на локални патишта, 783 милиони денари повеќе за високото образование, 126 милиони денари плус за инвестиции во образованието, над 80 милиони денари за поддршка на спортот“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училишта, во достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеат, во поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.

— реклама —

,,Овој Ребаланс мора да биде поддржан. За секој студент што ќе добие лаптоп. За секој пензионер што ќе добие плус. За секое дете што ќе учи во подобро училиште. За секој возрасен што ќе добие лек со нова опрема. За секое семејство што ќе помине по нов локален пат“, посочи Стојаноски.

Стојаноски заклучи дека овој документ е резултат на сериозна анализа и политичка зрелост: ,,Овој документ не е направен под притисок. Напротив, тој е резултат на анализа, работа и политичка зрелост. И наместо кратење, да потсетам, имаме дополнителни 300 милиони денари за капитални инвестиции“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybokb1tmgc0bf3EdvYhi

Петрушевски: „Безбеден град“ е доказ дека институциите можат да функционираат

Македонија | пред 6 часа

media-libraryn3d9jknnetnrd7h9bkq

„СДС е во целосна конфузија, сто теми во едно соопштение, а ниту еден аргумент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 15 часа

brane-pr

Петрушевски: Најголемата победа над талогот кој се храни со хистерија и безнадежност е успешна Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања