Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени и против граѓаните и нивната безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 часа -

Македонија
media-library9h4995cs3gqkeyQSROw

Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица.

Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други.

— реклама —

Како и да е пред десеттина дена, Филипче возеше до Мала Речица да се види со Ахмети, за што зборувале секој го кажа своето, ама ете во петокот излегоа координирани нивните пратеници и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи.

Тоа замислете координирани за системот безбеден град, поточно за последниот закон кој овозможува негово ставање во функција од први февруари. Да, координирани со ист став за систем којшто ги штити граѓаните, нивната безбедност и животот во сообраќајот.

Истите тие здружено молчеа на оваа тема седум години, не направија ништо.

Дека Филипче не се грижи за никој, односно се грижи за себе и своите покажа на саботниот Конгрес кога ги нападна сите освен своите. И да, зошто Филипче би се грижел за безбедноста и животот на граѓаните.

Има Филипче и свои грижи на Конгресот не му присуствувале една третина од делегатите доволно да покренат барање за нов конгрес. Но, ваквите грижи во кои се најде Филипче се поради неговите деструктивни политики, но тоа не значи дека треба да не се грижи за граѓаните. Тоа треба да е приоритет!

Сепак, очигледно е дека ликови како Филипче и Ахмети со толкаво криминално минато не им паѓа на памет да работат за доброто на граѓаните.

Затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ, кое работи и креира политики корисни за секој еден граѓанин“, додава тој.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања