Промени тема
Контакт

Стојановски до Лукаревска: Реконструкција на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите, единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3lf2c6i3adu96EHN6GL

„Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

— реклама —

Стојановски посочи дека реконструкцијата на владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите, потенцирајќи дека единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат.

— реклама —
— реклама —

„Независно од различните политички ставови во оваа сала, верувам дека сите сме свесни за едно, граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, затоа оваа расправа не смее да се сведе на политички флоскули, туку на сериозна дебата за тоа какви политики се потребни за Македонија и какви резултати очекуваме од секој којшто ќе преземе јавна функција,” рече Стојановски  и додаде:

„Реконструкцијата на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите. Не е успех ниту неуспех сама по себе. Единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето секојдневие.”


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library211in301p9r04mxvDW7

Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат услови Македонија да продолжи по патот на табилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
326285939_570700818313002_7636295595915873374_n

Стојановски до Алтенатива: На клоци ве избркаа, откако ве искористија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања