Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Стојкоски ја почна кампањата во Ѓорче: Започнувам од таму каде што започнав и со моето образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
242868870_2920957678172687_7998358709203888416_n

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров ја започна својата кампања за претстојните локални избори. Тој им се обрати на граѓаните од населбата Даме Груев, пред училиштето каде го започнал образованието, ветувајќи им дека ќе инвестира во него.

— реклама —

„Најголемата инвестиција која човек може да ја направи е да инвестира во своето и образованието на своите деца. Како Ваш иден Градоначалник сметам дека во процесот на едукација треба да вложиме многу за да создадеме личности кои што ќе бидат независни, компетентни, способни сами да се носат со сите предизвици на животот. Изборната кампања ја започнувам токму од местото каде што започнав со моето образование, ООУ Страшо Пинџур во населбата Даме Груев, место за кое ме врзуваат најубавите спомени и најискрените пријателства. Образованието е главен столб на едно општество и е силен стожер во изборната програма, која што јас лично или некој од мојот тим ќе ја достави до Вас во наредниот период. Да создадеме нова иднина! Јас лично верувам во тоа и Ве повикувам сите да ни се приклучите!“, кажа тој.

— реклама —

„Традиционално, изборната кампања ја започнуваме од црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров. Денешниот почеток на кампањата се поклопува со големиот христијански празник Крстовден. Нека е честит празникот на сите што го слават“, напиша Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања