Промени тема
Контакт

Стојкоски најави нов мега-парк на кејот на Вардар и инвестиции во училиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-librarys31ggs2ls1s22cqIcvR

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Довербата што ми ја дадовте ја разбирам како обврска да носам одлуки што ќе го подобрат нашиот живот и ќе создадат сигурна иднина за сите нас во Ѓорче. Во минатиот период, завршивме едно важно поглавје. Наш приоритет беше подобрувањето на инфраструктурата и создавањето услови за понатамошен развој на општината, вели Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров

„Денес може да кажеме дека направивме еден сериозен исчекор и не застануваме тука. Секој развој има своја цел. Нашата цел во овој мандат и нашиот најголем фокус се децата, нивното образование, креирањето подобри услови и создавање подобар квалитет на живот за сите семејства во Ѓорче . Нашиот најважен приоритет во овој мандат е целосно надградување на образовната инфраструктура во нашата општина.

Во само првата година во мојот нов мандат, започнуваме со три големи училишни доградби. Во основното училиште „Страшо Пинџур“ Во Даме Груев  се градат 6 нови училници Во основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково се градат 8 нови училници.

Во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во населбата Хром започнавме со изградба на исто така 8 нови училници, со што вкупно 22 нови училници на територија на општина Ѓорче Петров во моментов се градат и создаваме услови за едносменска настава во сите основни училишта. Хром конечно ја доби и новата спортска сала во подрачното училиште на „Димитар Поп-Георгиев Беровски“. Реконструираме училишни простории, инвестираме во опрема и ги уредуваме кабинетите по информатика.

— реклама —

Истовремено градиме и нови детски градинки. Новата градинка во Дексион ќе биде со капацитет од 120 деца и целосно современ, енергетско ефикасен објект. А продолжуваме и со  изградбата и на новата градинка во Стопански двор, која е исто така со капацитет од 120 дечиња и ќе има дополнително нова централна кујна со нов магацински простор кои ќе служат за потребите на јавната установа Росица во Ѓорче Петров. Нашата грижа е  секое едно дете да има услови и можност за квалитетно образование и личен развој.

Основното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ е првото училиште во општината кое доби најсовремен систем за греење со топлински пумпи. Во соработка со нашите партнери од УНОПС започнуваме проект во кој сме лидери со кој ги опфаќаме сите 6 основни училишта во Ѓорче Петров како и објекти од 3 детски градинки, со што постојните системи за греење ќе бидат надградени со современи топлински и еколошки пумпи.

Единствена фотоволтаична централа од 2.2 МВ на покривите на училиштата, самата по себе претставува еден исклучителен проект и не позиционира како општина лидер во Република Македонија , бидејќи по самиот обем е најголема проект преку кој со јавно приватно партнерство покрај тоа што ги поставуваме фотоволтаичните централи на нашите кровови, обезбедуваме и дополнителен приход во буџетот од најмалку 7 милиони денари годишно, без дополнителен трошок од  општинскиот буџет.

Покрај тоа што инвестираме во образовната инфраструктура, воведовме и мерки што директно влијаат на намалување на семејниот буџет. За 410 првачиња обезбедивме бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари еднократна финансиска поддршка. За прв пат сите полуматуранти во Ѓорче добија по 5.000 денари финансиска поддршка, мерка која што ќе продолжи и во иднина. А за младите од 18 до 25 години започнавме со иницијатива и програма за добивање на субвенции од 10.000 денари за полагање на возачки испит од Б категорија.

— реклама —

Учениците со попреченост во нашата општина во основното образование добиваат по 10.000 денари еднократна поддршка во текот на образованието. А ја зголемивме и поддршката за новороденчиња на 8.000 денари. Општина Ѓорче Петров е инклузивна општина. А во мај оваа година и официјално го отворивме Центарот за дневен престој и индивидуален третман, кој обезбедува стручна грижа и индивидуални третмани за децата и возрасните со попреченост.

Во патната инфраструктура само во периодот од последната година  изградивме повеќе од 10 км нови коловози, улици и нивни краци  во повеќе населени места, со што вкупната бројка на досега реализирани нови улици и краци од почетокот на првиот мандат изнесува над 300 нови вакви објекти.

Ја реконструиравме улицата Воин Драшкоци во населбата Хром, главна улица којашто после години добива темелна реконструкција  во должина од 950 м, а покрај целосната реконструкција на коловозот изведени се и нови тротоари на обете страни на коловозот, ќе бидат изведени и легнати полицајци  и за првпат оваа улица добива и атмосферска канализација.

— реклама —

Со којашто го решаваме долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води во населбата Хром.

Поставуваме и нова канализациона мрежа во руралниот дел на улица 31 и 37 во вкупна должина од приближно 1 км. Улицата 101 во Волково во тек е со реконструкција и уредување на последната автобуска станица на линијата 22 со нова автобуска постојка, проект којшто го работиме заедно со градот Скопје.

Продолжуваме со уредување на многу улици и нивни краци во руралниот дел на Ѓорче Петров, а во урбаниот дел во населбата Александрија успеавме да поставиме нова топловодна инфраструктура со цел поекономично и еколошко централно греење за жителите на оваа населба. Паралелно на тоа работиме и на ново улично осветлување од приближно 700 м и нова мрежа во населбата Александрија.

Нашата цел е Општина Ѓорче Петров да стане силна општина во која луѓето не само што ќе живеат, туку ќе сакаат да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина заедно во заедницата. Затоа во периодот што следи фокус ставаме и на јавните простори, зеленилото, спортот и местата за дружење и рекреација. Започнуваме со изградбата на нов мега-парк во Ѓорче Петров, паркот Македонија на кејот на реката Вардар, веднаш до фудбалското игралиште Македонски лавови. Паралелно со тоа продолжуваме со создавање на нови рекреативни простори, меѓу кои и нов парк во населбата Волково.

Продолживме со инвестиции во спортските и рекреативните зони, нешто по што бевме и претходно препознатливи, а изградивме и три нови фитнес зони во дворот на училиштето Мирче Ацев, во дворот на Беровски како и близу локалитетот Бранители во населеното место Волково, со што создаваме услови за младите од овие делови да може да рекреираат и спортуваат на отворен простор.

Нашата визија е јасна: општина која ги решава инфраструктурните проблеми, општина која ја градиме во која квалитетот на живот ќе биде еден од нејзините најголеми предности. И тоа нема да го постигнеме со само еден проект, туку заедно со граѓаните и со нивното партиципативно учество во секој еден проект, заедно со институциите на општината Ѓорче Петров.

Со сето ова, со отворениот пристап, Ѓорче Петров е високо на скалата на транспарентност, со подобрување од минатата година, и со сериозен напредок од  25%. А во март оваа година успеавме да ја добиеме и европската ознака CAF Effective User и станавме првата општина во Република Македонија  што успешно ја помина надворешната евалуација за признание за квалитет во јавната администрација.

Продолжуваме да работиме за секое маало, за секое дете и за секое семејство. Ѓорче Петров е општина во која се живее, се расте и се создава иднина заедно“, вели Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp9f1fda5e359bvXNh4E

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Скопје | пред 1 година

— реклама —
media-library5t0deiaatc1l9Wpsmox

„Ѓорче Петров е држава во град, срцето на Скопје бие најсилно кај нас“, вели Стојкоски

Скопје | пред 1 година

stojkoski-aleksandar-52

Ѓорче Петров има најголем историски развоен подем во послдниве четири години, рече Стојкоски најавувајќи големи проекти

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-08-23-at-12.44.45

(Видео) Стојкоски: Ѓорче Петров ќе биде најсилна општина во наредниот период

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања