Промени тема
Контакт

Ѓорче Петров има најголем историски развоен подем во послдниве четири години, рече Стојкоски најавувајќи големи проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
stojkoski-aleksandar-52

Актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, на отчетен настан пред граѓаните истакна дека општината во последните четири години доживеала историски најголем развоен подем.

„Да се биде на чело на една општина како Ѓорче Петров, која во последниве години го доживува најголемиот подем во своето постоење, е огромна чест, одговорност и привилегија. Нашата заедничка приказна е приказна за труд, чесност и дела што оставаат трајна вредност“, рече Стојкоски.

— реклама —

Тој посочи дека се реализирани 150 нови и реконструирани улици во вредност од 142 милиони денари, со план за дополнителни 100 улици до крајот на мандатот. Меѓу проектите што ги издвојува се новата спортска сала во Хром, осум спортски терени со модерна подлога, нова општинска зграда, реконструкцијата на улицата Радушка, нова детска градинка во Стопански двор, како и изградба на пречистителна станица и колектор во Орман.

— реклама —

„За четири години целосно ги отплативме наследените 4 милиони евра долг и вложивме 300 милиони денари во капитални проекти, што е повеќе од било кога досега. Тројно го зголемивме буџетот, а тоа значи повеќе пари назад кај граѓаните – во образование, социјална заштита, спорт, култура и поддршка за ранливи категории“, нагласи градоначалникот.

— реклама —

Стојкоски најави дека во наредниот мандат ќе се работи на изградба на нови детски градинки, проширување на училиштата, нови улици и модерна инфраструктура, истакнувајќи дека Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива како „дом на сите негови жители“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Дел од Ѓорче Петров без струја, не работат ниту семафорите

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library8l8hsqk7bj15c1plvPm

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 месец

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 месец

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања