Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Стотици казни за возачи во Скопје: Поради пијанство, голема брзина, поминување на црвено, нерегистрирани возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај исклучени се 22 возачи од кои: двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не се придржувал на законските ограничувања.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 не биле регистрирани  и едно затоа што било техничи неисправно.

— реклама —

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани  се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Во текот на изминатиот ден се случиле 21 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања