Промени тема
Контакт

Падна и првото апсење на Табановце поради брзо возење во Македонија, ќе му се суди на Холанѓанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library12at3e8p3e39fwJVVIs

Странски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран денеска (21 август) во 13:15 часот при излез од Македонија. Полициски службеници извршиле проверка на патничкото возило „порше“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М.А., државјанин на Холандија.

— реклама —

При проверката преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Според податоците од системот, тој возел со 168 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

— реклама —

М.А. бил лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryi30m8uscoen105amLll

(Фото) Осум пункта за наплата на Табановце: Задржувањето за прекршок од „Сејф сити“ до 15 минути

Македонија | пред 1 ден

Tabanovce

Гужви на патиштата: На Табановце околу 30 минути за влез во Македонија

Македонија | пред 4 дена

IMG_1804

„One stop shop“ систем од денеска за помали гужви на Табановце, се преговара и со Албанија

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-10-at-17.36.42

Еден од ексдиректорите на ЕСМ се предал на полицијата на „Табановце“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања