Страотно сведоштво за средното музичко училиште: Страдав од нагони за повраќање и психичко растројство, а митото и корупцијата беа јавна тајна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
woman-playing-piano

Поранешна ученичка во средното музичко училиште "ДМБУЦ Илија Николовски - Луј", се огласи на социјалните мрежи каде напиша дека оваа институција е „дувло на единки со тешки психо-патологии и комплексни фрустрации“.

— реклама —

„Јас, Сара Александровска имам 27 години и со цела одговорност на возрасен и свесен човек изјавувам дека музичкото училиште "ДМБУЦ Илија Николовски - Луј" во кое пред 9 години завршив средно школо пред се е дувло на единки со тешки психо-патологии и комплексни фрустрации, со чест на многу малку исклучоци.

— реклама —

Јас кога бев дете на 15 годишна возраст по пат на првите блок часови клавир страдав од нагони за повраќање и психичко растројство бидејќи се среќавав со гнасни навреди и со песници мавани по ниските октави на школските клавири, тоа звучно е рамно на гром да мава до тебе. Ние учениците се соочувавме со коментари и навреди како "неписмен, глупак, неталентиран, ќе пропаднеш, никад нема да те биде, глув, смрдиш на ефтин парфем, сељак, копук, клошар, хемиски експеримент, татко ти у тегла свршил кога те правел, у гз си правен" и многу многу други.

— реклама —

Помеѓу професорите постоеше реваншизам, омраза и изопачен натпревар на тоа кој е поуништен креативно, креативноста во училиштето беше страна тема и секој кој имаше креативна нишка и потенцијал беше исмеван и понижуван, а славени беа сите оние кои се вклопуваа во оваа демонска шема односно процесија за конечното уништување на духот на музиката и нејзиното претварање во алатка за изживување врз психите на децата ученици. Таму музиката губеше секаква уметност и се претвараше во површна логична математика пренесувана посурово и од во среден век. Во среден век се палеле музичари ако згрешат интервал што не е дозволен од црквата, во ДМБУЦ, во 21 век беа нарушувани детски психи ако не одиш по правилата на демонска шема.

Митото и корупцијата беа јавна тајна и суптилно со божем приватни часови се уценуваше ученикот за тоа дали ќе помине или не на некој од предметните испити. Многу талентирани и светли душички си ја загубија искрата и тотално се тргнаа од патот на музиката, души што дури и компонираа суштински композиции во тие години, подлабоки и поискрени од тие на професорите кои беа изопачени од докажување едни кон други кој е поталентиран.

Јас Сара ги охрабрувам сите ученици што ја поминале оваа државна институција која наликуваше на лудница за благи пореметувања да го искажат своето мислење јавно и да создадат јавен притисок. Ако доволно луѓе се искажат јавно и ако има добра правна заштита јас ќе именувам по име и презиме.

Убивање на духот на музиката е зло дело од вселенски размери и мора да биде воочено и соодветно казнето од нацијата на која и се одземаат идните културни амбасадори и двигатели“, стои во објавата.

Фото: Freepik

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања