Коловозите низ земјата се влажни и лизгави, поради засилените врнежи од снег.
Утрово кратко по 9 часот е евидентирана сообраќајка која се случила на патот Делчево-Пехчево.
Како што може да се види од фотографиите на Делчево365, едното возило е со уништена предница, а другото е превртено надвор од коловозот.
Според првичните информации, за среќа, нема повредени во оваа сообраќајка.