Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Страшна трагедија во Унгарија: Седум лица загинаа кога минибус удри во запрена колона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Најмалку седум лица загинаа, а уште две се здобиле со тешки повреди во тешка сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот М1 во западна Унгарија, соопштија унгарските власти.

— реклама —

Според првичните информации, патнички минибус со молдавски регистарски таблички со голема брзина удрил во камион кој бил запрен во колона на автопатот. Сообраќајот на овој патен правец претходно бил целосно блокиран поради друга фатална несреќа, во која товарен камион се судрил со градежно возило, при што едно лице го загубило животот.

— реклама —

Во минибусот се превезувале девет лица. Унгарската полиција за порталот „24.hu“ потврди дека сите седум загинати се мажи и дека станува збор за странски државјани. Двајца патници кои ја преживеале несреќата биле итно пренесени во болница, каде што лекарите се борат за нивните животи.

На местото на трагедијата интервенирале бројни противпожарни и медицински екипи, кои со часови работеле на извлекување на настраданите од уништениот минибус.

— реклама —

За несреќата се огласи и унгарскиот политичар Петер Маѓар, кој изрази сочувство до семејствата на жртвите и потврди дека загинатите не биле унгарски државјани.

— реклама —

Полицијата продолжува со увидот за да ги утврди точните околности под кои дошло до оваа голема трагедија, која повторно ја отвори дебатата за безбедноста во услови на застој и навремено предупредување на возачите на автопатиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 6 дена

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 4 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања