Промени тема
Контакт

Страшно предупредување за Париз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој, потврди дека Москва ја разгледува и можноста за нуклеарен напад врз Париз во случај француските војници да влезат во Украина.

Толстој за француската телевизија БФМ ТВ изјави дека проектил истрелан од Русија би можел да стигне до француската престолнина за нешто повеќе од две минути.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно предупреди дека може да испрати војници на линијата на украинскиот фронт доколку Русија маршира кон Киев. Макрон рече дека повеќе нема да има „црвени линии“ за вклучување на Франција, чија армија е дел од глобалните сили на НАТО.

— реклама —

Толстој жестоко реагираше на предупредувањето на Макрон.

„Историски е важно Русија да ја обезбеди безбедноста на земјата“, рече Толстој, додавајќи дека земјите од НАТО, вклучително и Франција, поставуваат проектили околу границите на Русија.

На приватен состанок со лидерите на опозицијата во Елисејската палата, Макрон, наводно, ја изложил основата за влегување во војната која беснее две години и им покажал на високи членови на француската влада мапи кои покажуваат каде ќе бидат распоредени француските трупи во случај Русија да напредува на Одеса или Киев.

— реклама —

Толстој ветил дека француските војници нема да се вратат живи.

Ќе ги убиеме сите француски војници кои ќе дојдат на територијата на Украина“, изјави Толстој за BFMTV.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygd1k8oosi37v7Jed7qL

Најмалку 12 загинати во руски напади врз Украина: Погодени Киев, Одеса, Харков и други градови

Свет | пред 20 часа

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

(Видео) Нови удари врз руската нафтена инфраструктура: Нападната Уст-Луга на Балтикот

Свет | пред 1 ден

media-library5fg5jbf3krhm06HrwYa

Руски напад уништи печатница и 1,3 милиони учебници во Украина пред почетокот на учебната година

Свет | пред 2 дена

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за формализирање на договор

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања